Mahmoud Barakat
24 Јули 2018•Ажурирај: 25 Јули 2018
ИДЛИБ (АА) - Третиот евакуациски конвој кој ги пренесува опозициските борци и цивили од сириската југозападната покраина Дера денес пристигна во Идлиб, јавува Anadolu Agency (AA).
Според дописникот на АА од подрачјето, конвојот се состои од 24 автобуси кои пренесуваат 908 патници.
Во текот на изминатите денови од Дера во западните области Идлиб и Алепо се евакуирани 2.400 лица.
Минатиот месец силите на режимот започнаа опсежна воена операција во Дера, поддржана од руските воздухопловни сили, што доведе до воспоставување контрола од страна на сирискиот режим и неговите сојузници над поголемиот дел од јужната граница на земјата со Јордан, во согласност со Договорот за прекин на огнот меѓу Русија и оружените опозициски групи.
Судирите доведоа до голема криза на раселување, во која 350.000 цивили избегаа од Дера кон областите близу јорданската граница.
Во мировните преговори одржани минатата година во казахстанскиот главен град Астана, Дера беше назначена за зона без судири.