Ekipa
24 Јули 2018•Ажурирај: 25 Јули 2018
ЛОНДОН (АА) - Филмскиот режисер Џејмс Камерон и Роберт Балард, коj ги откри остатоците од Титаник, ја поддржаа понудата на групата британски музеи за купување на збирката од 5.500 предмети од познатиот брод кој потона во 1912 година, пренесува Anadolu Agency (AA).
Целта на кампањата која започна денес е да се достигне цена од 20 милиони долари (околу 17 милиони евра), за купување предмети кои од дел од бродот Титаник ги извади американската компанија. Од групата на британските медиуми наведоа дека судбината на предметите е неизвесна бидејќи американската компанија поднела барање за заминување во стечај.
Меѓу предметите се наоѓа и дел од трупот на бродот и бронзена декорација од главните скалила на бродот.
Понуда за предметите од Титаник пратија до неколку музеи и фондации.
Понудата е објавена во „Титаник Белфаст“, на локација каде што бродот е дизајниран и изграден.