Ayhan Şimşek
24 Јули 2018•Ажурирај: 25 Јули 2018
БЕРЛИН (АА) - Германската канцеларка Ангела Меркел денес во Берлин се состана со рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, со кого разговараше за неодамнешните настани на Блискиот Исток и во Сирија, соопштија официјалните претставници, пренесува Anadolu Agency (AA).
Лавров и рускиот началник на Генералштабот, Валериј Герасимов, вчера по состанокот со израелските колеги во Тел Авив го посетија Берлин.
„Разговорите во голема мерка беа фокусирани на Блискиот Исток и посебно на Сирија. Тие, исто така, разговараа и за судирот во источна Украина“, изјави портпаролката на германската Влада, Улрике Демер.
Таа напомена дека германската канцеларка Ангела Меркел и рускиот претседател Владимир Путин го договориле состанокот минатата недела.
На состанокот присуствуваше и германскиот министер за надворешни работи, Хеико Мас.