Dejan Maksimoviç
26 Април 2018•Ажурирај: 28 Април 2018
ЛОНДОН (АА) - Фудбалскиот сојуз на Англија (FA) доби исклучително невообичаена понуда вредна 800 милиони фунти (околу 920 милиони евра), да го продаде националниот стадион „Вембли“ во Лондон, пренесува Anadolu Agency (AA).
Британските медиуми известуваат дека потенцијалниот купувач е Шахид Кан, сопственик на фудбалските клубови „Фулхам“ од англиската премиер лига и „Џексонвил Јагуарси“, тим кој се натпреварува во американската Национална фудбалска лига (NFL).
Марк Волер, извршниот потпретседател на NFL изјави дека опцијата поседување стадион во Лондон е клучна за најсилната лига во американскиот фудбал.
„Потенцијалното купување на стадионот „Вембли“ е уште еден силен знак на посветеноста на Велика Британија и нејзините визии да ни помогне во развојот на нашиот спорт. Оваа нова релација би ни овозможила поголема флексибилност во планирањето на идните национални фудбалски натпревари во Лондон“, се наведува во соопштението на Волер.
За оваа тема наводно се разговарало на денешниот состанок на Одборот на Фудбалскиот сојуз на Англија.
Изградбата на новиот стадион „Вембли“, со капацитет од 90.000 места е најголем во Велика Британија. Неговата изградба чинеше 757 милиони фунти (околу 870 милиони евра), а отворен е во 2007 година.