Ekipa
06 Април 2017•Ажурирај: 07 Април 2017
ФРАНКФУРТ (АА) - Германскиот произведувач на автомобили „Дајмлер АГ“ објави дека март оваа година бил најдобриот месец во продажбата, во историјата на луксузниот бренд „мередес-бенз“, јавува Anadolu Agency (AA).
Компанијата „Дајмлер“, со седиште во Штутгард, во денешното соопштение наведува дека во март, на глобално ниво биле продадени 228.296 возила мерцедес, што значи зголемување од 15 отсто.
Од компанијата велат дека за ваквата висока продажба е заслужен зголемениот интерес во Кина и големата побарувачка на купувачите за „мерцедес Е-класа“, како верзиите седан и караван.
Продажбата во азиско-пацифичкиот регион порасна за 23 отсто, што е потпомогнато со растот во Кина од дури 30 отсто.
„Дајмлер“ неодамна на Саемот за автомобили во Женева ја претстави кабриолет верзијата на „мерцедес Е-класа“, за која се верува дека ќе придонесе да продолжи зголемената продажба.