Gamze Türkoğlu Oğuz
27 Мај 2018•Ажурирај: 28 Мај 2018
СЕУЛ (АА) - Слика на корејскиот уметник Ким Ван Ки на аукција е продадена за рекордни 7,87 милиони долари, пренесува Anadolu Agency (AA).
Сеулската аукциска куќа денес во Хонг Конг организираше аукциска продажба на сликата 3-II-72 #220.
Станува збор за важно дело на апстрактна уметност од 1972 година, кое се состои од црвени и плави точки.
Јужнокорејската Новинска агенција „Јонхап“ јавува дека неименуваниот колекционер за неа платил 7,87 милиони долари.
Аукциската куќа соопшти дека тоа е рекордната цена за која е продадена една корејска уметничка слика. Претходниот рекорд, исто така го држеше слика на Ким Ван Ки, која минатата година беше продадена за 6,1 милион долари.