Ekip
29 Мај 2018•Ажурирај: 30 Мај 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Поголемиот дел од околу 60 порти на стариот град на Истанбул обиколен со ѕидови, продолжуваат да постојат преку имињата на населбите кои се именувани по нив, јавува Anadolu Agency (AA).
Во минатото, портите ги обезбедувале излезите и влезовите на стариот град на Истанбул.
Иако дел од историските порти не успеале да преживеат, тие сè уште продолжуваат да бидат познати по населбите кои ги носат нивните имиња.
Некои од познатите порти на стариот град на Истанбул кои и денес постојат се Ахиркапи, Мевланкапи, Нарликапи, Силиврикапи, Топкапи, Једикуле и Едирнекапи.