Safvan Allahverdi
05 Април 2018•Ажурирај: 05 Април 2018
ВАШИНГТОН (АА) - Според Пентагон, Стејт департментот одобрил 4,7 милијарди долари за потенцијална продажба на оружје на Словачка, Шпанија и Велика Британија, јавува Anadolu Agency (AA).
Агенцијата за безбедносна соработка во одбраната објави соопштение во кое вели дека на Словачка ќе купи воени авиони Ф-16 и оружје во износ од 2,9 милијарди долари.
„Предложената продажба ќе ги поддржи потребите на Словачка за сопствена самоодбрана и ќе ги поддржи одбранбените цели на НАТО“, се вели во соопштението, додавајќи дека продажбата ќе помогне на надворешната политика и националната безбедност на САД и ќе обезбеди мир и стабилност во Европа.
На Шпанија ќе ѝ биде одобрено купување на карго-авион CH-47F за 1,3 милијарда долари и друга опрема која ќе го подобри капацитетот на земјата да ја одржи политичката стабилност и економскиот прогрес во Европа.
Оваа предложена продажба ќе ја зајакне Шпанија и ќе ѝ помогне во одбраната на татковината и во одвраќањето на регионалните закани.
Од Агенцијата се вели дека со продажбата во износ од 500 милиони долари ќе ѝ помогне на Велика Британија да озбезбеди поддршка за MQ-9 Reaper, подобро познат како беспилотно летало „Предатор“.
Продажбата вклучува логистичка поддршка, техничка поддршка, одржување, модификации и надградби.
Според Агенцијата, овие продажби не го менуваат основниот воен баланс во регионот.
Се очекува одобрување од Конгресот за предложените продажби.