Ekipa
06 Април 2017•Ажурирај: 07 Април 2017
АНКАРА (АА) - Сириската национална коалиција на револуционерните и опозициските сили упати повик да се донесе забрана за лет на авионите на режимот на Башар ал Асад на сириското небо, јавува Anadolu Agency (AA).
Во писменото соопштение објавено на интернет-страницата на Сириската национална коалиција, се упатува апел до Обединетите нации (ОН) во којшто се истакнува: „Бараме колку што е можно поскоро да им се забрани летот на авионите од режимот на сириското небо“.
Во соопштението се наведува дека е потребно колку што е можно поскоро досиејата за нападите на режимот и кривичните дела на терористите да се предадат на Меѓународниот кривичен суд, и се апелира да бидат елиминирани оружјата со висока деструктивна моќ кои режимот ги поседува, како и да се прекине поддршката со оружје за режимот.
„Задоцнувањето или блокадата на донесувањето ваква одлука ќе значи смрт на повеќе цивили. Политичката транзиција е единственото нешто што ќе овозможи терористичките групи и окупаторските сили да ја напуштат државата, и ќе спречи да се извршуваат кривични дела“, се наведува во соопштението.
Заменик-претседателот на Сириската национална коалиција, Абдулхаким Бешар, на вчерашната прес-конференција во Истанбул ги негираше тврдењата дека во нападот со хемиско оружје во појасот Хан Шејхун, бил погоден магацин за оружје на опозицијата.