свет

Од Газа тргнува втората хуманитарна флотила

„Газа му докажа на целиот свет дека не прифаќа потчинетост и покрај постојаната блокада“

Mahmoud Barakat  | 10.07.2018 - Обновена : 11.07.2018
Од Газа тргнува втората хуманитарна флотила

Gaza

ГАЗА (АА) - Втората хуманитарна флотила денес тргна од Појасот Газа со надеж дека ќе стави крај на 11-годишната израелска блокада на крајбрежната енклава, се вели од Палестинската невладина организација, јавува Anadolu Agency (AA).

„Газа му докажа на целиот свет дека не прифаќа потчинетост и покрај постојаната блокада“, изјави за време на прес-конференција Хани ал Тавабтах, член на Националниот комитет на Газа за прекинување на опсадата.

Во хуманитарната флотила „Freedom Boat 2“ учествуваат единаесет Палестинци, вклучувајќи ги и оние кои беа повредени од израелските сили во мирните протести.

„Последните израелски постапки за зацврстување на блокадата врз Газа нема да ги принудат Палестинците да се откажат од Палестина“, изјави Ал Тавабтах.

„Freedom Boat 2“ е втората хуманитарна флотила која заминува од блокираниот Појас Газа, откако на 30 март Палестинците започнаа да одржуваат редовни собири долж безбедносната ограда меѓу Газа и Израел.

Невладината организација ги повика локалните и меѓународните официјални претставници да ја обезбедат флотилата и палестинските патници со цел да ги заштитат од каков било насилен акт од страна на Израел.

Првата флотила од Газа замина на 29 мај, пренесувајќи палестински пациенти, од кои повеќето беа повредени за време на собирите, како и студенти.

Главниот брод беше придружуван од десетици помали бродови, со цел да се изрази протест против децениската израелска блокада на Газа.

Израелските поморски сили брзо го пресретнаа и запленија бродот, приведувајќи ги сите 17 палестински патници.

Иако сите притворени патници беа ослободени, капетанот на бродот, Сухеил Мухамад ал Амоуди, сè уште се наоѓа во притвор.

Појасот Газа се наоѓа под блокада на Израел од 2007 година, што доведе до опаѓање на економијата во крајбрежната енклава и лиши 2 милиони жители од многу основни продукти.

Илјадници Палестинци од крајот на март на границата на Газа протестираат поради израелската окупација и бараат право на враќање во својата земја. Израелските сили убија најмалку 130, а ранија илјадници Палестинци.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.