Sayed Khodaberdi Sadat
10 Јули 2018•Ажурирај: 11 Јули 2018
КАБУЛ (АА) - Во источниот дел на Авганистан, во градот Џелалабад сместен во провинцијата Нангархар, извршен е самоубиствен напад во кој животот го загубија 10 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на гувернерот на Нангархар, Атаулах Хогјани, за АА соопшти дека самоубиецот го активирал експлозивот што го поставил на себе меѓу разузнавачите кои вршеле проверка на возилата на една контролна точка во 6-тото подрачје на Џелалабад.
Во соопштението се наведува дека во нападот животот го загубиле двајца разузнавачи и 8 цивили, а четворица се ранети.
Меѓу ранетите, едно лице е во тешка состојба. Големата експлозија предизвикала пожар и на околните возила.
Засега никој не ја презел одговорноста за нападот.