Ekipa
27 Март 2017•Ажурирај: 27 Март 2017
МОСКВА (АА) - Челникот на руската опозиција, Алексеј Навални е осуден на затворска казна во траење од 15 дена, јавува Anadolu Agency (AA).
Руската опозиција вчера организираше голем број протести во Русија за да укаже на проблемите со корупцијата во таа земја.
Полицијата уапси стотици демонстранти, меѓу кои и шефот на руската опозиција, Алексеј Навални, кој е познат како најгласен критичар на корупцијата и на политиката на рускиот пртседател Владимир Путин.
Судот во Москва му изрече 15-дневен притвор на Навални поради давање отпор кон полицијата за време на вчерашното апсење поради нарушувањето на јавниот ред.
На Навални исто така му е изречена и парична казна во износ од 20.000 рубљи (340 долари).