Afra Aksoy
03 Јануари 2018•Ажурирај: 04 Јануари 2018
РАМАЛА (АА) - Млад Палестинец почина, откако им подлегна на повредите добиени при отворениот оган за време на интервенција на израелските војници во градот Рамала на Западниот Брег, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на палестинското Министерство за здравстсво се наведува дека израелските војници извршиле рација во село Дејр Низам, кој се наоѓа во северозападниот дел на Рамала, со цел да приведат Палестинци.
Израелските војници за време на рацијата користеле вистински и гумени куршуми, додека 17-годишниот Палестинец, Мусаб Фирас ет-Темими, бил погоден во главата и пренесен во болница.
Се истакнува дека младиот Палестинец им подлегнал на повредите во болница.