15 Декември 2016•Ажурирај: 16 Декември 2016
РАМАЛА (АА) - Дипломатите на Европската Унија велат дека Израел во текот на 2016 година срушил 866 објекти, поради што 1.221 Палестинци останале без покрив над глава, а речиси половина од нив се деца, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што наведуваат дипломатите, дел од срушените објекти се и неколку од оние што се изградени од издвоените 536.000 евра што ЕУ ги даде за Палестинците на Западниот брег.
Дури 60 отсто од срушените објекти се на Западниот Брег, кој и понатаму е под полна израелска контрола. Израел наметна строги ограничувања поврзани со палестинскиот развој во тоа подрачје, во кое се изградени десетици израелски населби.
Во денешното соопштение од ЕУ, се истакнува дека дипломатите го осудуваат рушењето.