AP
03 Јануари 2018•Ажурирај: 04 Јануари 2018
ПАРИЗ (АА) - Министерството за внатрешни работи на Франција денес соопшти дека девет лица се повредени во силното невреме што ја погоди земјата, јавува Anadolu Agency (AA).
Оттаму истакнуваат дека четири лица се наоѓаат во сериозна состојба по несреќата која ја предизвика силниот ветер, кој достигна брзина над 160 км/час.
Се додава дека во парискиот регион дрво паднало на автомобил и сериозно повредило едно лице, додека друго лице било повредено при пад од зграда.
Во Ер и Лоар, мотоциклист удрил во откорнато дрво кое било паднато на патот. Во источниот дел од земјата една жена е сериозно повредена од паднат предмет.
Во исто време, поради силниот ветар во Париз кој дува со брзина од 140 километри на час, за посетители е затворена Ајфеловата кула, симболот на француската престолнина.