Tevfik Durul
05 Јануари 2017•Ажурирај: 05 Јануари 2017
ПЕКИНГ (AA) - Екстремното загадување на воздухот во Кина и понатаму неповолно влијае на воздушниот и копнениот сообраќај, поради што се откажани најмалку 242 летови, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерството за заштита на животна средина на Кина соопшти дека поради екстремната загаденост на воздухот е прогласен црвен метеоаларм во 32 града во северниот и централниот дел на земјата.
Портокаловиот метеоаларм во главниот град Пекинг требаше да биде на сила до вчера, но поради големата загаденост, тој е продолжен до сабота. Кинеските власти соопштија дека во Пекинг и во Тијанџин, како и во провинциите Хенан, Хебеи и Шандонг, видливоста е намалена на 50 метри.
Екстремното загадување коешто опфаќа површина од 150.000 квадратни километри остави последици на воздушниот сообраќај. Вчера на аеродромот „Бинхај“ во Тианџин беа откажани 154 летови, а 120 доцнеле. Поради намалената видливост во регионот беа затворени 20 патишта, а во Шичаџуанг, во провинција Хебеи, откажани се 88 летови.
Целосно биле откажани и автобуските линии од аеродромот во Пекинг, а илјадници патници останале на терминалот. Во градовите во кои е прогласен црвен метеоаларм откажана е наставата во училиштата, а на жителите им се препорачува да не излегуваат надвор без посебна потреба.
Студениот бран што се очекува во текот на викендот, би требало да ги намали овие проблеми.