Zülfiya Yakup
04 Јануари 2017•Ажурирај: 05 Јануари 2017
ПРИШТИНА (AA) - Лидерот на косовската опозициска партија, Алијансата за иднина на Косово (ААК), Рамуш Харадинај го задржа денеска француската полиција, јавува Anadolu Agency (AA).
Пратеничката на ААК во Собранието на Косово, Тиме Кадријај, за АА изјави дека семејството на Харадинај го потврди задржувањето на Рамуш Харадинај во Франција.Таа истакна дека не се знаат деталите, но се верува дека е задржан според меѓународниот налог за апсење кој го издала Србија.
Кадријај вели дека по таа потерница Харадинај бил апсен и порано во Словенија, како и дека Косово требало да регулира со меѓународните партнери потерниците да се повлечат.
Потерницата за Рамуш Харадинај е издадена поради обвиненија дека извршил воено злосторство за време на војната во Косоово кога бил командант на Ослободителната војска на Косово за регионот на Дукаѓин.