спорт, Коронавирус

Суспендиран планот за враќање на навивачите во Велика Британија

- Плановите се разгледани на почетокот од месецот откако дојде до зголемување на бројот на заразени со Ковид-19 на дневно ниво, а пилот спортските настани беа ограничени со присуство на 1.000 лица

Dejan Maksimovic  | 22.09.2020 - Обновена : 23.09.2020
Суспендиран планот за враќање на навивачите во Велика Британија

ЛОНДОН

Планот за постепено враќање на навивачите на спортските настани во Велика Британија, почнувајќи од 1 октомври, е суспендиран, соопшти министерот на британскиот владин кабинет Мајкл Гоув, известува Агенција Анадолија (АА).

Плановите се разгледани на почетокот од месецот откако дојде до зголемување на бројот на заразени со Ковид-19 на дневно ниво, а пилот спортските настани беа ограничени со присуство на 1.000 лица.

Британија го искачи на „четврто“ ниво предупредувањето за Ковид-19, што значи дека преносот на вирусот е „висок или расте експоненцијално“. Новите мерки во текот на денешниот ден ќе ги објави британскиот премиер Борис Џонсон.

Зборувајќи за „Би-би-си“ (BBC), Гоув потврди дека планот за постепено враќање на навивачите ќе биде суспендиран.

„Настојувавме за постепена програма за враќање на навивачите, дозволувајќи поголем број на луѓе да се вратат на трибините, но тоа не значи дека ќе дозволиме да имаме стадиони преполни со навивачи. Во моментов размислуваме како можеме да ја запреме таа програма, бидејќи тоа што сакаме да го осигуриме е кога околностите ќе дозволат, да се вратат повеќе луѓе“, рече Гоув и додаде дека пилот-програмата ќе биде суспендирана.

Поголемиот број спортови во Велика Британија се играат зад затворени врати од воведувањето на рестриктивните мерки во март поради коронавирусот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.