Husamedin Gina
02 Септември 2020•Ажурирај: 03 Септември 2020
СКОПЈЕ (АА) – Во Северна Македонија во изминатите 24 часа регистрирани се 145 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на дијагностицирани случаи во земјата се искачи на 14.600, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство информира дека починати се две лица, со што вкупната бројка на смртни случаи како последица на Ковид-19 во земјата се искачи на 606.
Денеска, Институтот за јавно здравје регистрира 216 оздравени пациенти од Ковид-19, а вкупната бројка на излекувани од вирусот од почетокот на епидемијата во земјата се искачи на 11.741.
Во моментот активни се 2.253 случаи на Ковид-19.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.772 тестирања за вирусот. Досега во земјата се реализирани вкупно 151.706 тестирања за Ковид-19.