Zylfije Adem Jakupi
02 Септември 2020•Ажурирај: 03 Септември 2020
ПРИШТИНА
Последните 24 часа во Косово починаа уште 6 пациенти заразени со новиот тип на коронавирус (Ковид-19). Детектирани се 12 лица позитивни на Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (АА).
Националниот институт за јавно здравје на Косово соопшти дека од 488 тестирани лица сомнителни на коронавирус, 112 биле позитивни на Ковид-19. Од почетокот на епидемијата до денес тестирани се 52.157 лица, од кои 13.713 биле позитивни, а 539 лица ги загубија своите животи.
Во последните 24 часа оздравеа 131 пациент, со што вкупниот број на оздравени лица се зголеми на 9.923. Во моментов во Косово има 3.251 активни случаи.