свет

СЗО одржа состанок за новата варијанта на Ковид-19, Б.1.1.529, регистрирана во Јужна Африка

- Раководството на Светската здравствена организација (СЗО) одржа состанок со цел да се испита ситуацијата во врска со опасната нова варијанта на Ковид-19, наречена Б.1.1.529, забележана во Јужноафриканската Република

Ömer Faruk Yıldız  | 26.11.2021 - Обновена : 29.11.2021
СЗО одржа состанок за новата варијанта на Ковид-19, Б.1.1.529, регистрирана во Јужна Африка

ЖЕНЕВА 

Раководството на Светската здравствена организација (СЗО) одржа состанок со цел да се испита ситуацијата во врска со опасната нова варијанта на Ковид-19, наречена Б.1.1.529, забележана во Јужноафриканската Република, известува Агенција Анадолија (АА).

Кристијан Линдмајер, портпаролот на СЗО, обраќајќи се на прес-конференцијата што се одржа во Канцеларијата на ОН во Женева, истакна дека организацијата „внимателно ги следи“ случувањата во врска со новата варијанта на Ковид-19.

Линдмајер, истакнувајќи дека новата варијанта претрпела голем број мутации и дека е потребно дополнително истражување за следење на мутациите, продолжи со зборовите: „Ќе биде потребно да изминат неколку недели за да се утврдат ефектите на новата варијанта и да се дознае дали е загрижувачка неговата појава.“

Линдмајер, кој откривањето на новата варијанта го поврзува со доброто функционирање на системот за следење на епидемијата во светот, посочи: „За да се спречи појавата на ваков вид варијанти, потребно е да се вакцинираат што поголем број луѓе и мора да се преземат сите мерки на претпазливост за да се заштити нашата здравствена безбедност.“

Линдмајер потсети дека како вчера, така и денес, мерките како носење маски, избегнување преполни места, хигиена и вентилација ќе бидат ефикасни против вирусот.


- Супер варијанта

Научниците вчера објавија дека во Јужноафриканската Република е забележана нова варијанта на Ковид-19.

Новата варијанта на Ковид-19, наречена „Б.1.1.529“, претрпела голем број мутации, а во исто време е откриена и во соседна Боцвана.

Се наведува дека „суперваријантата“, која има 32 мутации, е забележана кај едно лице што патувало од Јужна Африка кон Хонгконг.

Сè уште не е познато дали сегашните вакцини се ефикасни против оваа варијанта на коронавирусот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.