Nuri Aydın
23 Април 2020•Ажурирај: 23 Април 2020
АНКАРА
Повеќе од 722.000 лица низ светот, кај кои е дијагностицирано заразување со новиот тип коронавирус, Ковид-19, успеаја да се излекуваат, јавува Агенција Анадолија (АА).
Податоците на интернет-страницата „Worldometer“, која ги прикажува најновите информации за борбата на заразените со Ковид-19, покажуваат дека во светот од Ковид-19 се излекувале 722.387 лица.
Најмногу излекувани има во Германија (103.300), следуваат Шпанија (85.915), САД (84.050), Кина (77.207), Иран (63.113), Италија (54.543) и Франција (40.657).
Во светот од Ковид-19 се заразени вкупно 2.639.721 лице. Од последиците на заразата со вирусот починаа 184.280 лица, а моментално во светот има 1.733.054 заразени лица.