Fuat Kabakcı
13 Септември 2020•Ажурирај: 14 Септември 2020
АНКАРА (АА) – Во последните 24 часа од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во Бразил починаа 814 лица, а во Мексико 421 лице, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците на Министерството за здравство на Бразил, во последните 24 часа уште 814 лица починале како последица на Ковид-19, зголемувајќи го вкупниот број на смртни случаи во земјата на 131.210.
Вкупната бројка на лица позитивни на коронавирусот достигна 4.315.687, од кои 33.523 се новозаразени.
Во Бразил досега оздравеа 3.553.421 лице кои претходно биле позитивни на коронавирусот.
Бразил, чие население брои 211 милиони жители, се смета за епицентар на пандемијата во Латинска Америка.
- Мексико -
Министерството за здравство на Мексико соопшти дека во последните 24 часа бројката на починати од коронавирусот изнесува 421, со што вкупниот број на смртни случаи се зголеми на 70.604.
Во истиот период во Мексико се регистрирани 5.674 нови случаи на Ковид-19, зголемувајќи го вкупниот број на лица позитивни на коронавирусот на 663.973.
Досега во Мексико оздравеа 467.525 лица кај кои претходно беше детектиран Ковид-19.