Hajer M'tırı
12 Декември 2016•Ажурирај: 12 Декември 2016
ПАРИЗ (АА) - Судењето на директорката на Меѓународниот монетарен фонд ќе започне денес, а таа се товари за небрежност во случај на корупција од пред осум години, кога беше министер за трговија и за финансии на Франција, јавува Anadolu Agency (AA).
Кристин Лагард ќе треба да им ja објасни на судиите својата улога во исплатата на 400 милиони евра државни пари на магнатот Бернар Тапи, како дел од долгогодишниот спор меѓу бизнисменот и банката што е делумно во државна сопственост, „Кредит Лион“, во врска со продажбата на неговата компанија за спортска облека „Адидас“ во 1993 година.
„Однесувањето на Лагард е спорно не само поради небрежноста и избрзувањето, туку исто така и поради комбинацијата на грешки коишто по својата природа, бројот и сериозноста, го надминуваат нивото на чиста небрежност“, заклучија судиите на крајот од иследувањето.
Лагард ги негираше обвиненијата за небрежност во врска со нејзината улога во големиот државен договор со Тапие, близок соработник на тогашниот претседател Никола Саркози.
„Небрежноста е ненамерно дело. Мислам дека сите ние сме малку несовесни понекогаш во нашиот живот. Ја вршев мојата работа најдобро што можев, во рамките на она што го знаев“, изјави таа вчера за телевизијата „Франс 2“.
Лагард, 60, стана генерален директор на ММФ во 2011 година и беше назначена за втор мандат во февруари оваа година. Таа е првата жена директор на организацијата којашто е формирана во 1944 година.
Нејзиниот случај ќе се води во Републичкиот суд за правда, специјален француски суд основан во 1993 година, кој ги разгледува случаите против министрите обвинети за недолично однесување.
Доколку биде обвинета, Лагард се соочува со една година затвор и 15.000 евра парична казна. Таа, исто така, ризикува да ја изгуби функцијата во ММФ.
Предвидено е судењето да трае најдоцна до 20 декември.