Ali H. M.Abo Rezeg
12 Декември 2016•Ажурирај: 13 Декември 2016
БАГДАД (АА) - Ирачката влада соопшти дека повеќе од 103.000 луѓе се раселени поради операциите на ирачката армија за ослободување на градот Мосул од членовите на терористичката организација ДЕАШ, пренесува Anadolu Agency (AA).
Ирачкиот министер за миграција Јасим ал-Јаф соопшти дека само во понеделникот, околу 2.470 цивили ги напуштија своите домови.
Шефот на комисијата за репатријација на раселените лица, Абу Бакр ал-Kaнан вели дека досега околу 15.000 луѓе се вратиле во своите домови во јужниот дел на Мосул.
„Наскоро на тоа подрачје ќе се вратат уште 10.000 луѓе“, рече за АА Ал Kaнан.
Ирак е во катастрофален безбедносен вакум од средината на 2014 година, кога ДЕАШ го зазеде Мосул, како и огромна територија во северните и западните делови на земјата.
Ирачките сили, поддржани од страна на воздухопловните сили на меѓународната коалиција, на 17 октомври започнаа операција за ослободување на Мосул, во главното упориште на ДЕАШ, но оттогаш во источниот дел на градот доаѓа до чести судири со членовите на организацијата.