Tolga Albay
11 Октомври 2017•Ажурирај: 12 Октомври 2017
ИЗМИР (АА) - Во рафинеријата Тупраш во турскиот град Измир се случи експлозија, при што смртно страдаа четири лица, додека две лица се повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
Во утринските часови се случи експлозија рафинеријата на Тупраш која се наоѓа во областа Алиага во Измир.
На местото на настанот пристигнаа медицински и пожарникарни тимови, како и тимовите на Турското претседателство за справување со катастрофи и вонредни ситуации (AFAD).
Бајрам Јилмаз, управител на областа Алиага, за АА истакна дека експлозијата се случила за време на последните контроли направени на една нафтена цистерна која веќе долг период не била користена.
„Експлозијата настана како последица на зголемен притисок за време на контролата на резервоарот", рече Јилмаз додавајќи дека несреќата не е поврзана со никаков напад.
Од Тупраш соопштија дека утрово се случи експлозија за време на контролата на цистерната во рафинеријата во Измир. Исто така, се истакнува дека техничката екипа на рафинеријата интервенирала во врска случајот, и дека ќе ја информираат јавноста за понатамошните настани.