İdris Sülün
24 Август 2021•Ажурирај: 25 Август 2021
МАДЕР
Повеќе од 13.500 пожарникари во сојузната американска држава Калифорнија настојуваат да ги стават под контрола шумските пожари што уништија стотици куќи и поради кои се евакуирани неколку илјади луѓе, јавува Агенција Анадолија (АА).
Директорот на Кабинетот за вонредни ситуации на Калифорнија, Марк Гилардучи, на брифингот во близина на Сакраменто изјави дека гувернерот Гавин Њусом по проценката на штетата побарал осум подрачја да бидат прогласени за подрачја на голема катастрофа.
Гиларучи појасни дека доколку споменатите подрачја бидат прогласени за зона на катастрофа, на жителите ќе им биде пружена помош, вклучувајќи сместување, храна, решавање на невработеноста и други трошоци што ги сноси власта.
Поради пожарот во тој регион, со наредбата за евакуација се опфатени 43.000 луѓе во Калифорнија, а жителите од околу 500 домаќинства се преместени во привремени засолништа.
Пожарот Дикси што на 13 август изби во северозападниот дел на Калифорнија, го уништи градот Гринвил, во кој живееја повеќе од 800 луѓе, а оштетени се повеќе од 180 објекти. Дикси е втор најголем пожар во историјата на Калифорнија.