Mustafa Deveci
19 Ноември 2019•Ажурирај: 21 Ноември 2019
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелските војници во акциите организирани во текот на ноќта на Западниот Брег и во Источен Ерусалим приведоа 25 Палестинци, јавува Агенција Анадолија (AA).
Меѓу приведените се наоѓаат и двајца малолетници. Локалните медиуми наведуваат дека 15 лица се уапсени во Источен Ерусалим, а десет во различни подрачја на Западниот Брег.
Исто така, седум Палестици добиле повик да се јават во полиција за да дадат изјава.
Израелските сили често вршат рации во окупираните Западен Брег и Источен Ерусалим (Кудс), и под различни обвиненија приведуваат Палестинци.
Според официјалните палестински извори, во израелските затвори се наоѓаат повеќе од 5.000 Палестинци, од кои околу 500 се административни затвореници и 220 се деца.