Mustafa Deveci
07 Јануари 2020•Ажурирај: 08 Јануари 2020
ЕРУСАЛИМ
Во текот на изминатата година на подрачјето на Западниот Брег и Источен Ерусалим срушени се повеќе од 520 палестински куќи, јавува Агенција Анадолија (АА).
Израел продолжува со рушење на станбените објекти на Палестинците под изговор дека се изградени бесправно.
Израелската организација за заштита на човековите права „Б’Тселем“ објави дека израелските сили во текот на изминатата година на подрачјето на Западниот Брег срушиле 256, а во Источен Ерусалим 265 палестински куќи.
Меѓу срушените објекти се и 96 згради во изградба.
Организацијата смета дека Израел на овој начин ги тера Палестинците да го напуштат тоа подрачје.
Израелските власти во окупираниот Источен Ерусалим создаваат опструкции во давањето дозвола за изградба на Палестинците на тоа подрачје, одбивајќи ги речиси сите палестински пријави, што доведе до ситуација на илјадници палестински куќи да им се заканува опасност од рушење.
Рушењето на станбените објекти во сопственост на Палестинците е продолжено и во 2019 година.
Во рамките на Вториот договор од Осло кој администрациите на Палестина и Израел го потпишаа во 1995 година, Западниот Брег е поделен на зони А, Б и Ц.
За Палестинците речиси е невозможно да се добие дозвола за изградба или проширување во големина на Зоната Ц, со образложение дека таа е под контрола на израелската администрација.
Израелската блокада на Газа е продолжена и во 2019 година. Околу 1,3 милион жители во Газа, кои претставуваат 68 отсто од населението, поради блокадата на Појасот Газа се соочени со закана за глад.