Esat Fırat
08 Јуни 2020•Ажурирај: 09 Јуни 2020
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелската полиција приведе 21 Палестинец во окупираниот Источен Ерусалим (Кудс), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според локални извори, израелските сили синоќа извршиле рација во подрачјата на Ет-Тур и Стариот Град во Источен Ерусалим.
Се нагласува дека израелските сили извршиле претрес во некои куќи и под различни тврдења привеле 21 Палестинец.
Израелската полиција сѐ уште не даде изјава за случајот.
Палестинското национално ослободително движење „Фатах“, преку писмено соопштение објавено на социјалните мрежи нагласи дека меѓу приведените Палестинци од страна на изрелската полиција во Источен Ерусалим се наоѓаат и претставници на „Фатах“ во регионот.
Израелските сили често вршат рации во куќите на окупираниот Западен Брег и Источен Ерусалим, и под различни тврдења приведуваат Палестинци.
По приведувањата, кои станаа вообичаени на Западниот Брег и во Источен Ерусалим, дел од Палестинците, меѓу кои и деца и жени, со денови се држат во центрите за притвор.