Erbil Başay
08 Јуни 2020•Ажурирај: 09 Јуни 2020
БЕРЛИН (АА) – Во градот Хилдесхајм во Германија приведено е едно лице кое планирало да убие голем број муслимани, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштенето од Главното обвинителство на Целе е наведено дека е приведено 21-годишно осомничено лице кое имало намера да изврши напад во кој би умреле голем број муслимани, а тоа да одекне во целиот свет.
Во соопштението од Обвинителството се истакнува дека осомничениот при допишување на интернет како пример ги споменувал нападите врз џамиите во Крајстчрч, Нов Зеланд, во 2019 година и дека целта му била да се убијат муслимани.
- Во неговиот дом пронајдено оружје -
Во изјавата се посочува дека биле извршени претреси во куќата на осомничениот и дека било пронајдено оружје предвидено за употреба во нападот.
Во соопштението се наведува дека на барање на главниот обвинител на Целе, осомничениот бил приведен по налог на Судот во Линебург.
Според веста на весникот „Шпигел“, осомничениот е приведен во операција реализирана на 30 мај.
На 15 март 2019 година, 29-годишниот екстремнодесничарски терорист, Австралијецот Брентон Терент, изврши напад за време на петочната молитва во две џамии во градот Крајстчрч во Нов Зеланд.
Во нападот загинаа 51, а повредени беа 49 лица.