Burak Dağ
20 Јуни 2020•Ажурирај: 21 Јуни 2020
АМАН (АА) - Јорданскиот министер за надворешни работи, Ајман ал Сафади, изјави дека Јордан нема земјиште на окупираниот Западен Брег, каде што Израел планира да спроведе анексија, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Јордан е во состојба да ги заштити своите граници и интереси“, рече тој, коментирајќи за израелскиот план за анексија и истакна дека границите на Јордан се меѓународно признати и не се под никаква закана.
Сафади исто така предупреди за опасноста од израелскиот план за анексија и рече дека тоа сигурно нема да остане без одговор.
Охрабрен од т.н. „Договор на векот“ на американскиот претседател Доналд Трамп, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху минатиот месец соопшти дека неговата Влада официјално ќе ја анектира Јорданската Долина и сите блокови на населбите на Западниот Брег.
Западниот Брег, вклучително и Источен Ерусалим, според меѓународното право се сметаат за окупирана територија, со што сите еврејски населби таму, како и планираната анексија, се нелегални.
Палестинските официјални претставници се заканија дека ќе ги поништат билатералните договори со Израел доколку продолжи со спроведувањето на планот за анексија, што дополнително ќе го поткопа дводржавното решение за палестинско-израелското прашање.