Muhammet Kurşun
20 Јуни 2020•Ажурирај: 20 Јуни 2020
ТЕХЕРАН (АА) – Во Иран, во изминатите 24 часа како последица на Ковид-19 починаа 115 лица, со што вкупниот број на смртни случаи се зголеми на 9.507, јавува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролката на Министерството за здравство на Иран, Сима Садар Лари, изјави дека во истиот период се потврдени 2.322 нови случаи на заразување и дека вкупниот број на заразени во земјата достигнал 202.584.
Лари, истакнувајќи дека 2.842 заразени се наоѓаат во критична состојба, рече дека се излекувани 161.384 лица кај кои претходно е потврдено присуство на Ковид-19.
Таа напомена дека покрај покраината Хузестан, уште неколку покраини биле прогласени за црвена зона, како Резеви Хорасани, Кирманшах, Источен и Западен Азербејџан и Ѓулистан.
Според Лари, во земјата направени се вкупно 1.395.675 тестирања за Ковид-19.
Во Иран, Ковид-19 за првпат беше евидентиран на 19 февруари, во градот Ком.