Dejan Maksimovic
20 Јуни 2020•Ажурирај: 21 Јуни 2020
ЗАГРЕБ (АА) - Бројот на нови случаи на Ковид-19 во Хрватска во текот на изминатите 24 часа е 19, со што вкупниот број на заразени со новиот коронавирус достигна 2.299, соопштија денес од Центарот за цивилна заштита на Хрватска, пренесува Агенција Анадолија (AA).
„Досега тестирани се 72.202 лица, од кои 388 во последните 24 часа. На болничко лекување има осум лица, а нема пациенти вклучени на респиратори“, велат од Цивилната заштита.
Оттаму соопштија дека вкупниот број на оздравени лица изнесува 2.142. Од нив, 833 биле отпуштени од болница, а во домашни услови оздравеле 1.314 лица.
Вкупниот број на смртни случаи од Ковид-19 во Хрватска изнесува 107.
Од Центарот за цивилна заштита се предупредуваат граѓаните дека придржувањето кон сите досегашни мерки и упатства е од клучна важност бидејќи со одговорно однесување може да се намали ширењето на коронавирусот.