Sibel Uğurlu
26 Декември 2017•Ажурирај: 26 Декември 2017
АНКАРА (АА) - Тајван планира да привлече повеќе турски туристи, истакна официјален претставник на земјата, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Ќе ни биде задоволство да бидеме домаќини на нашите турски гости во Тајван, кој е популарна туристичка дестинација“, рече Јасер Тај-сијанг Ченг, шеф на Тајпејската мисија за економија и култура во Анкара, по повод тајванскиот ден за промоција на културата кој го организираше Асоцијацијата на турски туристички агенции (TURSAB) во Истанбул.
Ченг ги истакна врските помеѓу Турција и Тајван на полето на културата и економијата, и рече дека исто така работат и на градењето иста таква поврзаност и на полето на туризмот.
За време на церемонијата за испорака на 35 компјутери донирани од Тајван за турската Фондација Енсар, Ченг рече: „Тајван ќе продолжи со пружањето помош на луѓето на кои им е потребна, каде и да се наоѓаат“.
„Ќе ни биде мило ако можеме да направиме дури и мал придонес за елиминирање на неправдата што ја трпат децата кои се борат со пречките во животот преку обезбедување пристап до информациите“, додаде тој.
Фејзула Кијиклик, пратеник на владејачката Партија на правдата и развојот (AK Parti) од Истанбул, ги поздрави напорите на Ченг за зајакнување на билатералните односи.
„Шефoт на Тајпејската мисија за економија и култура, господинот Ченг, е добар пријател на Турција“, рече тој.