Özüm Yalkın
11 Февруари 2016•Ажурирај: 13 Февруари 2016
ПЕКИНГ (AA) - Број на мртви во силниот земјотрес со јачина 6,4 степени по Рихтер кој во сабота го погодил југот на Тајван достигна 59, додека спасувачките служби ја продолжуваат потрагата за 76 исчезнати, јавува Anadolu Agency (AA).
Како наведува новинската агенција "Xinhua", во земјотресот е урната 17- катна зграда као и уште десет други згради, а пет згради претрпеле сериозно оштетување. Приведен е и поранешниот директор на градежната компанија која работеше на зградата, како и уште два поранешни управници. Се сомничат дека поради невнимание предизвикале смрт кај голем број луѓе. Уште повеќе траат акциите на барање и спасување на заробените под урнатините.
Спасувачките екипи во понеделник успеаале да ги извлечат преживеаните кои поминале два дена под урнатините по силниот земјотрес кој на 6 февруари го погодил југот на земјата.
Помеѓу нив е и едно осумгодишно девојче, жената која е пронајдена под телото на својот сопруг кој не преживеал и маж на кој докторите биле приморани да му ја ампутираат левата нога.
Централниот хидрометереолошки завод на Тајван соопшти дека епицентарот на земјотресот беше на длабочина од 17 километри во градот Каохсиунг. Инаку, Тајван е географски сместен на местото каде се спојуваат две тектонски плочи поради што често се случуваат земјотреси.
Најразорниот земјотрес во таа земја со јачина 7,6 степени, се случил 1999 година кога загинаа 2.300 луѓе.