Nuray Tunçay
12 Јуни 2016•Ажурирај: 13 Јуни 2016
АНКАРА (АА) - Руските воздушни сили на 8-ми јуни во бомбардирањето позиции во близина на сирискиот град Алепо користеле бел фосфор со што ја прекршиле меѓународната конференција за војување, тврдат локални извори во Сирија, јавува Anadolu Agency (АА).
Русија, СиријаЛокални извори од северот на Сирија тврдат дека Русија во текот на бомбардирањето на Хандарат користела бел фосфор. Во нападот загинаа шест цивили меѓу кои и две деца.
Белиот фосфор е хемиско оружје кое при детонација на бомбата се распрскува во воздухот зафаќајќи на тој начин голем дел од тлото. Доколку човек дојде во контакт со оваа супстанција, настанува колапс на респираторниот систем и тој умира од гушење. Употребата на ова оружје е забранета со меѓународна конвенција од 1980 година.