Ekip
03 Февруари 2016•Ажурирај: 04 Февруари 2016
ТУРКМЕНДАГИ (AA) -На подрачјето на Туркмендаги во Сирија кое се наоѓа на граница со Турција, убиени се 15 војни лица од кои осум со чин на генерал во нападот кој е организиран за време на состанокот на руските и режимските генерали, јавуваат извори блиски до опозицијата, пренесува Anadolu Agency (AA).
Истиот извор наведува дека руските и режимските генерали се состанале синоќа на тоа подрачје помеѓу местото Дувејрик и Селма за да разговаат за нападите во тој дел на Сирија.
Вооружените припадници на опозицијата по дојавата изведоа напад на групата која одржуваше состанок и во таа прилика усмрти 15 воени лица
Помеѓу 15 убиени се наоѓаат четири руски и четири генерали од редовите на режимот на Башар ал-Асад.
Во нападот е убиен и руски генерал полковник познат под името "Јури", а кој наводно ги координирал нападите на подрачјето на Туркмендаги. Останатите тројца Руси беа со чинот на бригаден генерал.
Во нападите на опозициските сили убиени се и режимските генерал мајори Амид Мунзур, Али Џабир и Али Умран, како и бригадниот генерал познат по името "Аднан".
На подрачјето на Туркмендаги кое се наоѓа во близина на границата со Турција последните недели режимските сили со поддршка на руските воздушни напади забележаа напредок.