Ekip
20 Август 2016•Ажурирај: 20 Август 2016
ХОМС (AA) – Најмалку осум цивили, меѓу кои и две деца, загинаа, а десетици се ранети откако вчера авионите на сирискиот режим го нападнаа Ал-Ганто, град кој е под контрола на опозицијата во сириската западна провинција Хомс, јавува Anadolu Agency (AA).
Според наводите на изводот од Цивилната заштита, режимскиот авион испалил четири проектили на стамбениот кварт во Ал-Гант. Тимот на Цивилната заштита работи на теренот и ги извлекува мртвите и повредените од урнатините, истакна изорот кој сакаше да остане анонимен.
Некои од потешко повредените се префрлени во болниците во соседните градови Ал-Растан и Талбисех.
Во последно време авионите на сирискиот режим и Русија ги зајакнаа нападите, а целите им се елата и градовите во северниот дел на провинцијата Хомс. Во текот на последните две недели, наводно се изведени повеќе стотина воздушни напади во кои животот го загубија 20 цивили, додека преку 60 се повредени и причинета е голема материјална штета на стамбените објекти.
Сирија се наоѓа во граѓанска војна од 2011 година кога режимот на Башар ал-Асад се обиде да ги запре продемократските протести, кои избувнаа за време на "арапската пролет".
Од тогаш, според податоците на Обединетите нации, загинаа повеќе од 250.000 луѓе додека десет милиони се раселени. Меѓутоа, Сирискиот центар за политички истражувања наведува дека бројот на загинатите во текот на шесте години од војната достигна 470.000.