Halit Süleyman
12 Февруари 2016•Ажурирај: 13 Февруари 2016
ХОМС (АА) - Најмалку 16 цивили се убиени во напад од руски авиони во областа Гантоа, во северниот дел на сирискиот град Хомс, јавува Anadolu Agency (AA).
Според цивилна заштита во сирискиот град, соопштија дека нападот бил извршен во населена област во близина на Хомс и каде загинаа 16, а беа повредени десетици луѓе.
Како резултат на воздушните напади уништени се голем број на куќи, а оштетени се и голем број на објекти.
Воздушни напади од страна на руските авиони се изведени и во областите Телбисе и Деир Кебир. Нападите се извршени со барел бомби, голем број на луѓе беа убиени и повредени.