Recep Şakar
12 Февруари 2016•Ажурирај: 13 Февруари 2016
МЕЛБУРН (АА) - Федералната австралиска држава Викторија регистрира нов случај на вирусот на Зика, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерката за здравство Викторија Жил Хенси на прес-конференција во Мелбурн, соопшти дека е забележан нов случај на вирусот Зика кај бремена жена чиј идентитет, ниту месец од бременоста не е откриен.
Хенеси укажа дека жената се жалела на висока температура и чешање на телото, по што одлучила да оди на лекар. Се утврдило дека е заразена со вирусот Зика и дека ова е втор случај на вирусот во Викторија оваа година. Министерката истакна дека ова не претставува опасност за јавното здравје.Таа додаде дека комарците кои го пренесуваат овој опасен вирус, не живеат во Австралија.
Во Австралија, од населението се бара да направат медицински преглед, доколку патувале во некои од земјите каде што имало случаи на инфекција од вирусот Зика. Досега во Австралија се откриени 16 случаи на заразени од вирусот Зика.