Özüm Yalkın
12 Февруари 2016•Ажурирај: 14 Февруари 2016
АНКАРА (AA) - Од почетокот на сириската криза, во текот на петгодишните судири проследени со раселување на жителите на Сирија, соседна Турција за помош на бегалците кои засолниште побарале во рамките на нејзините граници и погранични подрачја, спроведе активности на пружање на помош во вредност од девет милијарди долари. Ова се податоците на Одделот за кризни и итни ситуации на Владата на Република Турција (AFAD).
Помошта на Република Турција, според тие податоци, 20 пати е поголема во однос на вредноста на хуманитарните акции кои во таа земја ги спровеле организациите при Обединетите нации, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според податоците на Одделот за кризните и итни ситуации на Владата на Република Турција по почетокот на војната во Сирија 2011 година околу 6,5 милиони лица ги напуштија своите домови, додека ,4 милиони избегаа во соседните земји. Според истиот извор, околу 2,6 милиони бегалци дошле во Турција каде под водство на "AFAD" отворени се 26 прифатни центри за да на дојдените бегалци им биде пружена помош и поддршка. Голем број од Сиријците се сместени ширум Турција, кај своите пријатели и роднини.
Вo Турција моментално се наоѓа најголемиот број на бегалци од вкупно 60 милиони лица кои имаат статус на бегалец во светот.
Република Турција од почетокот на сириската криза до денес за згрижување и помош на бегалците издвоила околу 9 милијарди долари на различни хуманитарни активности. Од друга страна, организацијата при Обединетите нации до сега за бегалците во Турција обезбедиле 455 милиони долари помош. Така Турција на примените 40 евро-центи, во рамките на поддршката на ОН, трошела околу осум евра.
Според овие податоци, помошта на Турција за сириските бегалци за околу 20 пати е помоглема од помошта на меѓународните организации.
На самата граница со Сирија до сега со 22.495 возила е доставена помош на Турција во храна и лекови. Од друга страна, хуманитарната помош на ОН е доставена со вкупно 7.015 камиони преку граничните премини Нусајбин, Онџупинар и Чилвеоз во Турција.
Од март 2011 година, кога по востанието против режимот на претседателот Башар ал-Асад, започнаа судирите во Сирија, бројот на загрозените жители на таа земја е во континуиран пораст. Денес, околу 13,5 милиони Сиријци од вкупно 20 милиони жители на таа земја, директно или индиректно зависат од хуманитарна помош. Сириската криза додатно ја продлабочи појавувањето на терористичката организација ДАЕШ, која со завземање на територии под контрола на умерената сириска опозиција предизвика неколку нови бегалски бранови.
Во септември минатата година Русија директно се вмеша во сириската војна и започна со воздушни напади на положбите на терористичката организација ДАЕШ, но со тие напади огромна штета претрпеле цивилите и борците на опозицијата. Руските воздушни удари поттикнаа нови раселувања во Сирија и сите помасовни и подинамични премини на бегалци во Турција. Моментално, според податоците на "AFAD" , во пограничниот појас помеѓу Турција и Сирија, недалеку од местото Азез, има повеќе десетици илјади "нови" сириски бегалци.