Halit Süleyman
23 Декември 2015•Ажурирај: 23 Декември 2015
ДАМАСК (АА) - Најмалку десет лица загинаа а 30 беа повредени во нападот со барел бомба во која се наоѓаа "токсични гасови", јавува Anadolu Agency (АА).
Нападот на областа koja e под контрола на сириската опозиција го изведе хеликоптер на сириската армија лојална на претседателот Башар ал Асад. Според информациите кои ги доби новинарот на АА од претставници на импровизираната болница во нападнатото подрачје, нападот со барел бомба во која имало токсични гасови го извел хелихоптер на сириската војска.
Во нападот беа повредени десет лица, меѓу кои едно дете, а 30 луѓе се сеуште под под влијание на гасот.
Имаше ризик многу луѓе да се загушат. Луѓето кои ги погоди гасот се згрижени во импровизирана болница во оваа област, рече претставник од импровизираната болница во нападнатата област.