Admir Fazlagic
03 Јуни 2016•Ажурирај: 03 Јуни 2016
СКОПЈЕ (АА) - Македонската фудбалска репрезентација го загуби пријателскиот натпревар со Иран на домашен терен на арената „Филип Втори“ во Скопје со 1:3, јавува Anadolu Agency (AA).
Натпреварот започна отворено на двете страни и во првите десет минути од натпреварот, односно во осмата минута од првтото полувреме Иран веќе дојде до водство со 1:0 благодарение на погодокот на Азмун, за да само две минути подоцна резултатот биде израмнет со голот на Трајковски со што резултатот беше 1:1.
Во 20. минута Азмун со својот втор погодок, по грешката на Зајков, одново го донесе Иран во ново водство, а со тој резултат се замина на полувремето.
На полувремето селекторот Ангеловски направи неколку измени па во игра влегоа Бабунски, Жута и Демири, по што играта на репрезентацијата живна.
Макеоднската репрезентација имаше неколку шанси кои преку продор на Бабунски и играта нападот на Трајковски и Радески не донесоа погодок.
Од друга страна, репрезентативците на Иран постојано напаѓаа и ја преземаа иницијативата во поголемиот дел од натпреварот. Азмун доби одлична топка, откако н одбраната на македоснката репрезентација беше надмудрена и повротно беше совладан Димитриевски.
Во 75. минута Иранците имаа нова стопроцентна шанса преку Хајсафи, но Димитриевски го спаси ударот на Тареми, а десет минути подоцна двајцата фудбалери одново се најдоа во акција и голманот Димитиревски повторно успеа да спречи стопроцентен погодок. По конечните 90 минути игра овој пријателски напревар помеѓу Македонија и Иран заврши со 1:3.