Dejan Maksimoviç
02 Јуни 2016•Ажурирај: 03 Јуни 2016
ЦИРИХ (AA) – Фудбалската репрезентација на Република Македонија според најновата ранг листа на Светската фудалска федерација (ФИФА) се наоѓа на 139 место, што во споредба со земјите во регионот се наоѓа на последното место, јавува Anadolu Agency (AA).
Од селекциите од подрачјето на Западен Балкан, Босна и Херцегоина остана меѓу 20 најдобри репрезентации и со тоа го задржа статусот најдобра во регионот. После БиХ која е на 20 место, се наоѓа репрезентацијата на Хрватска која е на 27 позиција, додека Србија е на 54 позиција. Репрезентацијата на Словенија е три скалила под, Црна Гора на 90 место, додека репрезентацијата на Македонија на 139 место.
На самиот врв немаше никакви промени. Аргентина и понатаму е светски лидер, а зад неа е репрезентацијата на Белгија. Меѓу првите 10 репрезентации на светот се наоѓаат: Колумбија, Германија, Чиле, Шпанија, Бразил, Португал, Уругвај и Австрија.