Amina Zorniç
05 Април 2016•Ажурирај: 07 Април 2016
ПАРИЗ (АА) - Подготвките за Светското првенство што ќе се одржи во текот на летото во Франција се во тек, а властите се подготвуваат за „најлошите” сценарија, јавува Аnadolu Agency (AA).
Со оглед на тоа дека Европа е мета на терористички напади, расте загриженоста дека ЕУРО 2016 во Франција, кое ќе се одржи од 10-ти јуни до 10-ти јули може да биде цел на напади, особено во фан-зоната каде десетици милиони љубители на фудбалот ќе ги следат натпреварите на голем екран.
Министерот за внатрешни работи на Франција, Бернар Казнев, и министерот за здравство, Марисол Турен, ја надгледуваа вчерашната симулација на вежбите на терористички напади во фан-зоната во западниот францускиот град Бордо, каде што беа мобилизирани околу 600 пожарникари, полицијата, војската и службите за итни случаи.
„Ние сакаме ЕВРО 2016 да се одржи во најдобри услови и тоа е причината зошто ги покренавме вежбите за тестирање на системот за брза интервенција”, рече Казнев.
Вежбата е изведена на начин на кој тројца вооружени терористи пукаат во толпата која чека да влезе во фан-зоната. Еден од наводните терористи потоа го активира експлозивот во толпата, додека други се земени како заложници во зградата преку улица.
„Денешната вежба ги следи повратните информации по 13-ти ноември, т.е нападите кои се случија во Париз”, објаснува Турен.
По нападите во Париз и Брисел, властите сакаат да ги симулираат сите можни закани пред ЕУРО 2016 - радиолошки, биолошки и хемиски. Две вежби претходно се одржаа и во Нимес, во средината на март.