Bakir Tiro
26 Јануари 2018•Ажурирај: 27 Јануари 2018
МАДРИД (АА) - Кристијано Роналдо, фудбалерот на Реал Мадрид, кој има една од најлошите сезони во историјата, истакна дека за нив спасот би бил освојувањето на Лигата на шампионите, јавува Anadolu Agency (AA).
„Ако ја освоиме Лигата на шампионите би можеле да ја спасиме сезоната. Разочарани сме од големото заостанување во првенството. Не сме среќни поради тоа. Ќе ни биде тешко до крајот до сезоната. Сепак, ние не смееме да се откажеме и мораме да продолжиме да работиме напорно", рече за „Marcu" Роналдо.
Реал по 20 одиграни кола, со натпревар помалку, зад лидерот на Пример лигата Шапанија, Барселона заостанува 19 поени и е на четврто место на табелата. Покрај тоа, „Кралскиот клуб" оваа недела претрпе елиминација од Леганес од Купот на кралот.
Во осмото финале во Лигата на шампионите противник на избраниот тренер Зинедин Зидан ќе биде ПСЖ. Првиот натпревар ќе се одигра на стадионот „Сантијаго Бернабеу" во Мадрид на 14 февруари оваа година, а реваншот во Париз на 6 март.