Amina Zorniç
04 Декември 2016•Ажурирај: 05 Декември 2016
ХОНОЛУЛУ (АА) - На тропскиот остров Хаваи во Тихиот Океан издадено е предупредување поради неповолните временски услови, односно поради снегот, кој во некои области достигнува висина од 90 сантиметри, пренесува Anadolu Agency (AA).
Локалните експерти велат дека снегот на Хаваите не е невообичаен, но дека тоа е ретка појава.
Под снег се двата највисоки врва на островот, Мауна Кеа и Мауна Лоа. Американските медиуми објавија дека поради снежното невреме одредени области на Хаваи се погодени од поплави.
Метеоролозите велат дека во наредните денови бурата ќе донесе уште околу 12 сантиметри снег.
Хаваите се едно од најпопуларните туристички дестинации во светот. Ова луксузно одморалиште е познато по своите плажи, убавото време и топлото море. За Хаваи се верува дека ја има најсовршената тропска клима: сончево време со убаво ветре, каде што никогаш не е претопло.
Најниската температура на Хаваите е забележана во 1931 година, на врвот на Мауна Кеа, која изнесуваше 12,8 степени Целзиусови.