Büşra Selvi Öğütcen
11 Октомври 2016•Ажурирај: 11 Октомври 2016
БОГОТА (АА) – По потпишувањето на договорот за мир меѓу владата на Колумбија и Револуционерните вооружени сили на Колумбија (ФАРЦ), се дознава дека ќе започнат официјални мировни преговори и со другата бунтовничка група, Народноослободителната армија (ЕЛН), јавува Anadolu Agency (AA).
Милитантите на втората по големина герилска левичарска организација ЕЛН и делегација од владата на Колумбија дадоа заедничка изјава во претседателската палата во Каракас, Венецуела, во која се вели дека официјалните мировни преговори ќе започнат на 27. октомври, во Еквадор.
Претседателот на Колумбија, Хуан Мануел Сантос, во својот говор изјави: „Веќе три години се обидуваме да преговараме со ЕЛН. Сега е моментот кога можеме да успееме. На овој начин ќе се постигне мир“.
Колумбискиот сенатор на конгресот, Иван Цепеда, преку својот профил на една од социјалните мрежи напиша: „Се радувам поради објавувањето на заедничките поглавја за преговорите меѓу владата и ЕЛН, за еден целосен, стабилен и траен мир“.
На мировните преговори, на кои ќе учествуваат Бразил, Чиле, Куба, Еквадор, Норвешка и Венецуела, како држави-гаранти, ќе има дневен ред, кој се состои од 6 точки: демократија за мир, жртвите од судирите, потребни трансформации за мир, прекин на недоразбирањата, безбедност за мир и гаранција за политичка партиципација.