Hakan Ceyhan Aydoğan
11 Октомври 2016•Ажурирај: 12 Октомври 2016
МОСКВА (АА) - Средбата на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, и претседателот на Русија, Владимир Путин, зема голем простор во руските медиуми, јавува Anadolu Agency (AA).
Руските информативни канали од раните утрински часови во живо ја следеа првата посета на Турција на претседателот Путин, по кризата што настана меѓу двете земји откако беше соборен руски авион на 24 ноември 2015 година. Вестите од Истанбул беа топ-тема на нивните интернет-страници, а денеска насловните страници на весниците во рускиот печат се резервирани за средбата Ердоган-Путин.
Покрај тоа, се дознава дека за следење на средбата Ердоган-Путин, 60 руски новинари земале турска виза.
%2Fthumbs_b_c_ec02e162823cb58247e90e7e5ade1237.jpg)
„Пријателството повторно е воспоставено“
Рускиот весник „Комерсант“, на својата насловна страница даде детален текст за средбата меѓу двајцата претседатели, давајќи го во преден план потпишувањето на договор меѓу двете земји за гасоводот „Турски тек“.
Весникот објави цела страница за средбата во Истанбул, осврт од колумнистите за весникот, додека во една друга вест известува за деталите во врска со „Турски тек“.
Весникот „Известија“ својот текст го објави под наслов „Пријателството повторно е воспоставено“. Во веста се дадени детали од средбата Ердоган-Путин и се истакнува дека тоа е прва посета на Путин во Турција, по соборувањето на рускиот авион.
„Комсомолскаја правда“ посетата на Турција на своите страници ја најави под наслов „Русија и Турција го потпишаа ‘Турски тек’“. Во веста се вели дека Путин и Ердоган се договориле околу „Турски тек“, за намалување на цената на природниот гас и земјоделските производи“.
Весникот „Ведомоси“, во кој се објавуваат економски и странски вести, објави вест под наслов „Турските агруми се враќаат на рускиот пазар“.
%2F20161011_2_19502770_14917522.jpg)
„Повторно доаѓа турското овошје“
Интернет-страниците и порталите во Русија се преполни со вести поврзани со средбата меѓу двајцата претседатели.
„Комерсант-онлајн“ објави текст под наслов „Повторно доаѓа турското овошје“, додека веб-страницата Газета.ру објави текстови под насловите „Русија го дозволи увозот на турско овошје“ и „Потпишан е договорот за ‘Турски тек’“. Интернет-страницата „Лента.ру“ објави: „Русија повторно го отвори својот пазар за земјоделските производи од Турција“.
Руските информативни канали во текот на целиот ден вршеа пренос од Истанбул, додека средбата Ердоган-Путин беше пренесувана во живо.
Каналот „Лајф њуз“ меѓу повеќето наслови поврзани со средбата на двата претседатела, ги нагласи: „Путин и Ердоган донесоа одлука за продолжување на нормализацијата на односите“, „Ердоган: Турција и Русија можат да соработуваат во рамките на операцијата ‘Штитот на Еуфрат’“и „Средбата меѓу Путин и Ердоган траеше околу 2 часа“.